Министерството за здравство ја одзеде дозволата за работа на „Санте Плус“

Министерството за здравство донесе решение да ја одземе дозволата за работа на ПЗУ „Санте Плус гроуп“ откако по извршениот вонреден испекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат беа утврдени неправилности во работата на болницата во однос на кадарот и опремата.

Родилката од Кичево почина при породување со царски рез, па од приватната болница била однесена на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.  Докторите безуспешно се обидуваа да ја вратат во живот, но успеаа да го извадат бебето од утробата на мајката, кое преживеа.

Обдукцискиот наод е предаден на Основното јавно обвинителство кое отвори истрага за смртта на 31 годишната родилка од Кичево.