По расправија cо пиштол му се заканувал на возач дека ќе го убие

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 61-годишник од тетовското село Џепчиште за сторени кривични дела загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Како што информираат од МВР, на 28 мај годинава на регионалниот пат Тетово-Јажинце меѓу пријавениот и 30-годишник од село Непроштено настанала расправија во врска со недавање предност во сообраќајот по што пријавениот со возилото му го попречил патот и со пиштол упатил закани за неговиот живот.

На 29 мај годинава полицијата извршила претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што пронајдени и одземени биле 94 парчиња муниција во калибар 7,9 милиметри, 8 парчиња муниција во калибар 9 милиметри, 4 парчиња муниција од гасен пиштол и куршум од 6 милиметри.