По пауза од два месеци Буфон се врати на тренинзи

Голманот на Јувентус и на италијанската репрезентација Џанлуиџи Буфон се врати на терен и почна со тренинзи откако ја санираше повредата на бутниот мускул.

Негов последен настап беше на дербито против Наполи на 1 декември, кој неговиот тим го доби со 1:0 на гостински терен

Триесет и деветгодишниот голман денеска беше на тренинг на својот тим, откако тоа пред два дена го најави тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Самото појавување на тренинг значи дека Буфон може веќе овој викенд да биде на голот на Јувентус против Киево.