По истекот на мандатот Иванов ќе бега во Турција?

Во април догодина на претседателот Ѓорге Иванов му истекува вториот претседателски мандат, по што тој ќе се збогува со претседателската функција. Тој во претседателскиот кабинет влезе напуштајќи го професорскиот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Како што неофицијално дознава „Слободен Печат“, Иванов, по истекот на мандатот планира да ја продолжи универзитетската кариера, но не на факултетот во Скопје, туку на „Анкара Универзитет“ во Анкара, Турција.

Инаку претседателот Иванов на универзитетите во соседна Турција два пати добиваше титула на почесен професор, а повеќе пати беше поканет како предавач. Во октомври 2009 година, во Анкара му беше доделена титулата Почесен доктор на науки на ТОББ Универзитетот за економија и технологија, еден од најреномираните приватни универзитети во Турција, Титулата Почесен доктор на науки на претседателот Иванов, вторпат во неговиот мандат, му ја додели ректорот на Универзитетот „Истанбул” во март 2011.

Иванов има и приватни врски со Истанбул, каде студира неговиот син.