По инцидентот на финалето Франција-Хрватска: Членовите на „Пуси Рајот“ осудени на 15 дена затвор

Русија – Суд во Москва ги осуди по брза постапка на 15 дена притвор четворицата членови на панк групата „Пуси Рајот“ кои истрчаа на теренот за време на финалето на Светското првенство меѓу Франција и Хрватска.

Три жени и еден маж од групата, облечени со лажни полициски униформи, втрчаа на теренот на почетокот на второто полувреме додека претседателот Владимир Путин и останатите високи гости беа на стадионот „Лужники“.

Освен 15 дена затвор, четворицата немаат право да присуствуваат на спортски настани во наредните три години.