По вкус на Французите: По кратките фустани Брижит Макрон изненади со долга тоалета

Франција– Првата дама на Франција Брижит Макрон е позната како љубителка на мини-фустани, но по честите критики за овој избор, таа се реши да прејде на подолги фустани.

Така, на вечера во Елисејската палата организирана во чест на војводата и војвотката од Луксембург, русокосата Макрон се појави во поинакво издание – со долга бела тоалета од свила, суптилно деколте и среберни светки.

-Секогаш вложував многу труд во својот изглед. Прашајте ги моите деца или пак, учениците. Никогаш не излегувам од дома без внимателно одбрани модни комбинаци и фризура, изјави таа во една прилика.

Кога таа го запознала сегашниот француски претседател Емануел Макрон, тој имал 15 години, и бил нејзин ученик, а таа била мажена, со три деца. Брижит Макрон сепак инсистира дека почнала врска со 24 години помладиот ученик дури откако тој станал полнолетен.