Почнува продажбата на билети за СЕХА Ф4 турнирот

Од денеска почнува продажбата на блок билети за СЕХА Ф4 турнирот што ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански” во Скопје од 13 до 15 април.

Блок билети ќе се продаваат до 1 април и ќе важат за двата натпреварувачки дена. Можат да се купат преку http://ticketplus.mk/, а нивната цена е од 300 денари.

Од 2 април ќе почне продажбата на поединечни билети и тоа по цена од 200 денари за еден натпреварувачки ден.

На „фајнал фор“ во полуфиналето ќе играат:
петок, 13 април:
Вардар – Мешков 17:45 часот
ППД Загреб – Цеље 20:15 часот

недела, 15 април:
меч за 3 место – 17:45 часот
финале – 20:15 часот.