Почнува есента

Во Македонија и на северната хемисфера денеска во 03:54 часот почна есента. Во исто време на јужната полутопка настапува пролетта.

На првиот ден од есента денот ќе трае 12 часа и 12 минути. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 18 часот и 32 минути.

За денеска метеоролозите најавуваат сончево и топло време со умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Минималната температура од 7 до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од  27 до 33 степени.

Есента ќе трае до до 21 декември кога официјално ќе настапи зимата.