Почна со работа Триглав Осигурување Живот, нова компанија за осигурување на македонскиот пазар


Денеска почна со работа новата компанија за осигурување на живот, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.

Дел од Групацијата Триглав, најголемата осигурително-финансиска групација во регионот Адриа, Триглав Осигурување Живот, влегува на македонскиот осигурителен пазар поткрепена со моќен бренд, како и со експертиза и квалитетни производи, својствени за Групацијата. .

Според  Ѓорѓе Војновиќ. главен извршен директор, Триглав Осигурување Живот е вистинска инвестиција имајќи ги во предвид условите и потенцијалот на пазарот на осигурување на живот во Македонија.

– Како и во останатите осигурителни сегменти и во доменот на осигурување на живот еден од основните предизвици на македонскиот пазар сеуште е перцепцијата на осигурувањето како трошок, наместо инвестиција во сопствената иднина, но тоа е момент којшто ние осигурителите мораме да го надминеме и да работиме на приближување на придобивките од осигурувањето до јавноста – рече Војновиќ.