Почна неделата на дизајн во Скопје

Вчеравечер во Јавна соба со неверојатниот звук на Артан Лили Бенд, ритамот на диџеите Алек Сотиров и Wish.ko и со совршено наместените експонати, во присуство на бројни гости, се отвори Седмата недела на дизајн во Скопје. Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавна соба – Центар за дизајн и иновација, во соработка со меѓународната платформа Балканска мрежа за дизајн. Сите активности на Неделата на дизајнот се отворени во Јавна соба и Лукс мебел и расветa секој ден од 8 до 01:00 часот, а влезот е слободен.

Денес, во Јавна соба во период од 16 до 19 часот, војводинскиот шеф Мирко Веселиновиќ ќе биде домаќин на дегустацијата на која ќе зготви 80 порции од традиционалниот војводински свински паприкаш, а ќе ја презентира и својата прочуена ракија од кајсија и круша.