Почна исплатата на тутунот

Почна исплатата на тутунот од годинашната реколта. Прилепскиот тутунски комбинат, „Сокотаб“ од Битола и фирмата „Пашоски“ веќе ги префрлија парите на сметките на тутунарите, потврдуваат од филијалата на Тутунска банка во Прилеп.

Прилепскиот комбинат исплаќа од првиот ден на откупот, 16 ноември, и ќе продолжи континуирано.

Производителот Рамадан Арсланоски од Прилеп е задоволен од процената на тутунот. – Однесов 340 килограми и ми помина по 240 денари за килограм претежно прва и втора класа зашто родот ми беше квалитетен. Цел живот садам тутун, изјави Арсланоски кој пред филијалата на Тутунска банка чекаше за исплата.

Прилепскиот тутутнски комбинат освен на градскиот, од вчера откупува и на 20 пунктови во населените места. Се очекува деновиве исплатата да ја почнат и другите откупувачи.

Според директорот на Инспекторатот за земјоделство Јане Станкоски, откупот засега се одвива непречено