Почна гласањето на претседателските избори во Египет

Во Египет почна гласањето на претседателските избори, на кои се очекува сигурна победа на актуелниот шеф на државата Абдел Фатах ал Сиси. Гласањето трае до среда.

Единствен против-кандидат му е недоволно познатиот во јасноста политичар Муса Мустафа Муса, кој се вклучи во претседателската трка во последен момент, со цел гласачите да имаат избор.

Муса не го критикуваше Ал Сиси, а тој пак јавно не го ни спомна Муса.

Властите се надеваат дека мнозинството од речиси 60 милиони лица со право на глас ќе излезат на гласачките места, за гласањето да има легитимитет.

Во последните месеци, неколку лица најавија можност да учествуваат во претстедателската трка, но дел беа уапсени, а дел се повлекоа, поради, како што наведуваат локалните медиуми, заканите со кои се соочувале.