Почина „ѕверот“ на Коза Ностра

Најпознатиот италијански мафијаш, поранешен шеф на сицилијанската мафија Тото Рина, починал во затворската болница во Италија, објави новинската агенција АНСА.

Рина починал во Парма каде што беше затворен со години.

Според медицинските извештаи, во последните 24 часа паднал во кома по две операции.

Причината за смртта не е објавена, но Рина пател од рак на бубрезите и срцеви тегоби.

Судот во јули го одби барањето за пуштање на слобода заради здравствени причини.

Тото Рина беше осуден на неколку доживотни казни заради убиство,