Почина тригодишниот син на актерот Срѓан Тодоровиќ

Тригодишниот син на познатиот српски актер и музичар Срѓан тодоровиќ почина вчера под неразјаснети околности.

Како што неофицијално пренесуваат српските медиуми, детенцето починало од труење.

Тодоровиќ и неговата сопруга Ана во 2014 година по десет години во брак го добија нивниот син Дејан.

Срѓан во јавноста е познат по многубројните улоги во српските филмови, но и како активен тапанар на повеќе бендови меѓу кои и ЕКВ.

Тој во јавноста често зборуваше како неговиот син му го променил животот.