Почина рудар по пад во јама

Рударот Ј.П. (55) од село Мождивњак, Кривопаланечко, починал синоќа откако, додека работел, паднал во јама.

Ј.П. им подлегнал на повредите од падот на пат кон Здравствениот дом во Крива Паланка.

Според МВР, несреќата се случила околу 21.25 часот во рудникот „Болмак“ во Крива Паланка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. мч/са/10:20