Почина претседателот на Виетнам Чан Даи Кванг

Виетнам – Претседателот на Виетнам Чан Даи Кванг по тешко боледување почина денеска во 61-та година во воена болница во Ханој. Тоа го соопшти државната виетнамска новинска агенција, не наведувајќи повеќе детали.

Кванг последен пат се појави во јавност на седница на Политбирото на владејачката Комунистичка партија и приемот за кинеската делегација во средата.

За претседател на Виетнам беше избран во април 2016 година