Почина пејачот и актер Дејвид Касиди

САД- Американскиот пејач и глумец Дејвид Касиди почина во болница на Флорида, каде што бил примен минатата седмица во критична состојба предизвикана од полиорганско оштетување.

Касиди, кој се прослави со телевизиската серија од 70-те години на минатиот век „Семејството Партриџ“, почина на 67-годишна возраст.  Во февруари глумецот соопшти дека се повлекува од сцената поради тоа што страда од деменција.