Почина Кавадарчанец кој во бесознание бил пронајден кај олимпискиот базен во Скопје

Шеесет и шестгодишниот В.А. од Кавадарци кој вчера бил пронајден во бесознание во близина на олимпискиот базен во Скопје, по што со Итна медицинска помош бил донесен во Ургентниот центар, починал и покрај сите обиди за реанимација.

МВР информира дека телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.