Почина и музичарот кој го возел Шабан Шаулиќ?

Во тешката сообраќајна несреќа во Германија во која настрада фолк пејачот Шабан Шаулиќ, од последиците од здобиените повреди почина и музичарот Мирсад Кериќ(43).
Со ваква информација излегоа дел од српските медиуми утрово, но неговиот син тврди дека информацијата не е точна.
„Информацијата од медицинската сестра, фала Богу, не е точна. Штотуку добивме информација дека состојбата на Мирсад е непроменета и дека е тешко. Се надеваме на најдобро“, наведе неговиот син на Фејсбук.
Со нив во возилото бил и кумот на Шабан, Слободан Бобан Стојадиновиќ, кој седел назад.
Мирсад возел, Шабан седел покрај него напред. Лекарите се бореа за животот на Кериќ, но и тој почина.
Според германската полиција, утврдено е дека 34-годишен возач на „Мазда 6“, учествувал во несреќата и бил во алкохолизирана состојба.
Тој удрил во „Сеатот“ во кој се возеле Шаулиќ, Кериќ и кумот на пејачот, од назад и потоа двата автомобила удриле во банкината.