Почина двегодишно дете во Прилеп


Двегодишно дете од прилепското село Десово вчера почина откако врз него од засега непознати причини паднал преграден ѕид во помошен објект во изградба во дворот од семејната куќа.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера околу 09.30 часот во село Десово–Прилеп, во дворот од семејната куќа на А.Ф., двегодишното дете Х.Ф. влегло во помошен објект во изградба, при што од засега непознати причини врз него паднал преградниот ѕид. Таткото А.Ф. и неговите браќа Е.Ф и Ш.Ф. го извадиле детето од урнатините и со сопствено возило тргнале кон Прилеп, за да му се укаже медицинска помош.

Попатно, на влезот во градот пресретнале возило на Итна медицинска помош, побарале интервенција, но екипата на Итна медицинска помош констатирала смрт кај детето. Заедно со персоналот на Итна медицинска помош, детето е вратено во село Десово, каде увид извршила екипа од надворешната канцеларија за криминалистички работи-Прилеп. Со одобрение на Јавен обвинител , телото е предадено на семејството.