Поставени експлозивни направи во шахти во Њујорк

Неколку експлозии во шахти, по што следувал и пожар, избувнаа синоќа во една од централните улици на Менхетен, а полицијата во Њујорк веднаш интервенирала, објавија американските медиуми.

Како мерка на претпазливост биле евакуирани посетителите во театарот „Њу Ворлд стејџес“, каде што требало да се одигра популарниот мјузикл „Момците од Џерси“.

Нема информации за повредени лица при експлозиите.

Според неколку очевидци, шахтите западно од 50-та улица во квартот Хелс кичен ненадејно експлодирале.

Реонот бил блокиран од полицијата, а се истражува причината за инцидентот.