Португалија ќе биде домаќин на првото финале во Лига на нации

Португалија ќе биде домаќин на првото финале во Лига на нации, објави УЕФА на својата официјална интернет страница. Стадионите на кои би се играле мечевите во Порто и во Гимараеш, а доделувањето на организацијата ќе биде официјализирано на 3 декември на средба на управното тело на евроцентралата.

Финалните дуели на турнирот ќе се одржат од 5 до 9 јуни 2019 година и во нив ќе учествуваат победниците во четирите групи во дивизија „A“.

По последните натпревари од групната фаза денеска и утре ќе стане јасно кои три екипи ќе се приклучат на домаќинот Португалија.