Порака на солидарност од Париз: Ајфеловата кула на полноќ во мрак во чест на жртвите во нападот во Египет

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека светилките на Ајфеловата кула ќе бидат изгаснати на полноќ во спомен на жртвите при нападот на џамија во Египет.

Идалго изрази сочувство до семејствата на жртвите и поддршка за повредените. Таа рече дека гаснењето на светлата на Ајфеловата кула ќе биде порака на солидарност од францускиот главен град, кој, исто така, страдаше од терористички напади во последните години.

Францускиот претседател Емануел Макрон преку Твитер изрази сочувство за жртвите во нападот во кој загинаа 235 лица, а 109 беа повредени.