Поради прекин на електрична енергија, застој на сообраќајот од и кон Србија за товарни возила

Поради прекин на електричната енергија на граничниот премин „Прешево“ од утрово до 17 часот попладне во застој ќе биде сообраќајот на товарни моторни возила на влез и излез во Србија.

МВР соопшти дека според информациите од српската страна по однос на товарниот сообраќај ќе се води рачна евиденција за товарните возила така што за едно возило во просек ќе бидат потребни 15 до 20 минути, додека пак празните товарни возила ќе минуваат непречено.