Поп-пејачката Аделина Тахири се омажи

Албанската поп-пејачка Аделина Тахири од Скопје се омажи за познат скопски адвокат. Во маркантен црвен фустан со длабоко деколте се потпиша во книгата на венчаните, а со тоа и официјално го заклучи својот момински живот. Избраникот ја запросил во Виена, Австрија, пишува „Фокус“.

Аделина ја објави веста на својот Инстаграм, а освен прекрасниот и блескав прстен, таа објави и фотографии од свеченоста, која според приложеното била интимна и во кругот на најблиските.

-Официјално мажена, напиша за една од објавите.

Аделина, внука на експратеничката и советничка на претседателот Ѓорге Иванов, Флора Кадриу , родена Скопјанка, позната во соседството и во дијаспората, е една од најатрактивните поп-пејачки кај нас, која се издвојува со провокативната гардероба и сценскиот настап.