Поповски во притвор до правосилноста на пресуда

Притвор за поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, до правосилноста на пресудата за предметот „Триста“. Вака одлучи судечкиот совет по барањето на Специјалното јавно обвинителство, на Поповски да му биде одреден притвор поради опасност од бегство.

Судот денеска ја соопшти пресудата за Поповски и го осуди на девет години затворска казна за злоупотреба на службената положба при набавката на 300 полициски возила за  потребите на Министерството за внатрешни работи.

Во образложението на пресудата судијката Добрила Кацарска рече дека Поповски свесно го оштетил Министерството за внатрешни за 450.000 евра. Поповски треба да ги врати и овие пари и да ги надокнади судските трошоци.

Ф.Ф.