Попладне пороен дожд во истокот и североистокот од државава

Краткотраен пороен дожд и ретки грмежи се очекува попладнево да ги зафати источните и североисточните делови од државава. Синоптичарите најавуваат дека ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени, а УВ индексот 6.
Од УХМР информираат дека до петoк ќе се задржи постабилно и сончево време со пораст на дневните температури. Во петок ќе биде топло, а најпрвин во западните делови се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмежи. Услови за повремен дожд ќе има и во сабота на повеќе места, но не со позначителен интензитет.