Попладне очекувајте дожд и грмежи

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност, но во попладневните часови, особено во северните делови од земјава се очекуваат поројни дождови и грмежи. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува и слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а  дневната од 24 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала доумерена облачност, а попладне се очекува пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Утре времето ќе биде стабилно и топло, а во почетокот на наредната седмица ќе има локален дожд, умерен ветер и опаѓање на температурата за неколку степени, информираат од УХМР.