Поплави во САД: Најмалку четворица мртви, стотици евакуирани

Најмалку четворица загинаа во поплавите што погодија делови од САД. Според за сега достапните информации, тројца загинале во Небраска, а едно лице во Ајова.
Државите Небраска, Висконсин и Ајова прогласија вонредна состојба, пренесе CNN.
Гувернерот на Небраска, Пит Рикетс, ги нарече поплавите „најголема катастрофа во историјата на државата“.
Според CNN, земјоделецот Џејмс Вилке загинал на својот трактор кога преминувал преку мостот „Шел Крик“ кој попуштил. Паднал во длабока река и загинал.
Поплавата однесе и уште еден маж во Небраска, додека 80 -годишната Бети Хамерник, остана заробена во својот дом додека се подигнувало нивото на водата. Кога дошле спасувачите таа веќе била мртва.
55-годишен маж исто така го покоси поплавата, а им подлегнал на повредите во болница во Линколн.
Поплавите уследија по топењето на снегот во трите држави, што го подигнало нивото на реките. Стотици се евакуирани, пренесе
CNN. Небраска ќе ја посети потпретседателот Мајк Пенс, на барање на претседателот Доналд Трамп, соопштија од Белата куќа.
CNN тврди дека нивото не реките во Небраска рушат рекорди.