Помпео: САД ја поздравуваат одлуката на Парламентот на Грција за ратификација на Договорот од Преспа

САД ја поздравуваат одлуката на Парламентот на Грција да го ратификува Договорот од Преспа и нагласија дека решението на деценискиот спор ќе придонесе идната Република Северна Македонија да го завземе своето место во НАТО и ЕУ.

„ САД ја поздравуваат одлуката на грчкиот парламент за ратификување на Преспанскиот договор. Лидерите на Грција демонстрираа визија, храброст и упорност во нивното изнаоѓање на решение за спорот за името, со што идната Република Северна Македонија ќе може да го заземе своето заслужено место во НАТО и во ЕУ. САД ја поздравуваат оваа историска можност за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во целиот регион“, стои во соопштението на државниот секретар Мајк Помпео.