Помалиот брат на Карачиќ ќе брани за Хајдук


По заминувањето на Данте Стипица во ЦСК „Софија“ останува празна голманската позиција на „Хајдук“. Како што пишуваат хрватски „24 сата“, белите покажале интерес за Горан Карачиќ, помлад брат на Игор Карачиќ, среден бек на нашиот ракометен шампион „Вардар“. Горан е голман на германскиот „Сандхаузен“ и најдобар голман на босанско-херцеговското првенство во 2016 година.

Инаку, од следната сезона за сплитските бели ќе игра и Филип Ивановски, повремен репрезентативец на Македонија. Тој сезонава играше за „Славен Белупо“, каде даде 15 гола и стана трет стрелец во хрватското првенство.