Половина тон марихуана запленета на унгарско-српската граница

Унгарските власти запленија околу половина тон марихуана на границата со Србија, чија цена на црниот пазар изнесува околу 3,2 милиони евра.

Унгарската агенција МТИ соопшти дека дрогата била скриена во камион, управуван од албански државјанин.

Во понеделникот тој се обидел да влезе од Србија во Унгарија преку граничниот премин Роске.

Во камионот имало скриено и околу еден килограм хашиш.