Полицијата пронајде 7,6 кг. марихуана, притворено едно лице од валандовско Брајковци

Секторот за внатрешни работи Струмица – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Валандово, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе кривична пријава протов Д.П.(47) од валандовското село Брајковци, осомничен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Со наредба за претрес на домот и помошните простории од страна на судија на претходна постапка, вчера е извршен претрес кај пријавениот, соопшти денеска МВР. При извршениот претрес во домот и помошните простории кај пријавениот, пронајдени се едно пластично буре, осум картонски кутии и две книжни вреќи со марихуана. Со потврда за привремено одземени предмети пронајдените предмети се одземени, пријавениот е лишен од слобода и задржан во просториите на ПС од ОН Гевгелија. По извршено вештачење констатирано е дека се работи за марихуана со нето тежина од 7,6 килограми.

По наредба на судија на претходна постапка на пријавениот му е одреден притвор во траење од 30 дена.