Полицијата го приведе и третиот напаѓач на 17-годишникот кај „Рекорд“


Полицијата денеска го привела и третиот напаѓач на 17-годишниот З.Т., кој на автобуската постојка „Рекорд“ во центарот на Скопје  во четвртокот беше прободен во стомакот.

Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека во врска со нападот на 1 март е приведен 15-годишниот Б.Н.од Скопје.

– Б.Н заедно со Р.А. (18) од Скопје и К.Т. (18) од скопското село Љубин физички го нападнале З.Т. и му нанеле убодна рана со тврд предмет во пределот на стомакот. Б.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, соопшти МВР.