Полициска акција во Полошко: Откриени 17 странски државјанки

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово синоќа од 23:00 до 2:00 часот извршиле акциска контрола во угостителски објект, лоциран на регионалниот пат Тетово-Фалише, сопственост на А.З. (50) од Тетово.

Во објектот биле затекнати 16 странски државјанки, на возраст од 18 до 33 години, кои работеле како танчерки и пејачки. Од нив 14 биле од Република Албанија, една од Република Србија и една од Република Косово.

Странските државјанки, како и сопственикот А.З. биле приведени во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка. Истиот ден во времето од 23:00 до 3:00 часот од страна на полициски службеници извршена била и акциска контрола во угостителски објект лоциран во селото Чегране, сопственост на А.Д. (51) од село Чегране, каде што биле затекнати шест женски лица, и тоа пет македонски и една албанска државјанка, кои работеле како пејачки и танчерки, а заедно со сопственикот биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.