Полицаец уби 36 годишен сограѓанин во Битола

Свирепо убиство во прилепско. Дваесет и четири годишниот полицаец Е.Т. од Битола го убил, а потоа го запалил 36-годишниот сограѓанин Б.А. Мотивите, неофицијално, се поврзуваат со долг од 4 илјади евра. Сепак, деталите се очекува да ги објави Јавното обвинителство. Сторителот е уапсен и го признал делото.

“Сторителот на делото е уапсен и во полициската станица го призна делото објаснувајќи како го сторил тоа. Во текот на денот тој ќе биде предаден на обвинителството”, рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Настанот се случил близу прилепското село Беловодица. Полицаецот Е.Т. испукал 4 куршуми во телото на жртвата, по што го запалил и го оставил да гори, а тој се вратил во Битола. Случајни минувачи го пријавиле случајот во полиција. Утврдено е дека полицаецот пукал од службениот пиштол.