Познат новинар пронајден мртов под сомнителни околности во Романија
Романската полиција соопшти дека истражува „сомнителна“ смрт на познат новинар, кој бил пронајден мртов во неговиот дом во близина на Букурешт.
Полицискиот портпарол Чиприан Романеску синоќа изјави дека Андреј Георге починал под сомнителни околности 12 часа претходно.
Георге (56) работеше како радио и тв новинар по уривањето од власт на Николае Чаушеску во 1989 година. Тој стана познат по острите коментари за актуелни настани и за локални политичари.
Полицијата соопшти дека информација за смртта на новинарот добила синоќа и оти истрагата е во тек.