Познато кога ќе се игра финалето на ЛШ во Истанбул

Финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2019/2020 ќе се одигра на 30 мај 2020 година во Истанбул, објавија официјално од УЕФА.

Арена на финалниот меч на најпрестижниот европски клубски турнир ќе биде стадионот на „Кемал Ататурк“, на кој Ливерпул го победи Милан во 2005 година по пенали.

Оваа година, финалето ќе се игра на „Ванда Митрополитано“ во Мадрид на 1-ви јуни.