Познатиот шведски ди џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Швеѓанецот  музички продуцент и диџеј Тим Берглинг, попознат како ди џеј Авичи,  почина денеска во Оман на возраст од само 28 години, објави неговиот издавач.

Тој попладнево бил најден во местото Мускат, во државата Оман. Според неговиот издавач, не е позната причината за смртта.

Авичи беше еден од пионерите на современиот музички жарн ЕДМ (Electronic Dance Movement). Неговите клупски хитови се Wake me up, Hey Brother и најновиот Lonely Together со Рита Ора.

Тој освои две МТВ награди и една Билборд награда, а два пати беше номиниран и за Греми.