Пожар избувнал во „Мерцедес“ паркиран во Сити мол
Во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, на најгорниот паркинг, од засега непознати причини избувнал пожар во патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици сопственост на М.А.(31) од Тетово.
Како што информира полицијата, инцидентот бил пријавен вчера во 15:55 часот.
Пожарот бил изгаснат од страна на лица од обезбедувањето на трговскиот центар.
фото: Ѕид на сообраќајниот срам