Пожари во Калифорнија: Евакуирани Ким Кардашијан, Џерард Батлер, Гилјермо дел Торо…

САД– Пожарите кои со голема брзина се шират низ јужна Калифорнија уништија легендарен филмски сет и принудија голем број славни личности да ги напуштат своите домови, откако под голема закана се најде и градот Малибу.

Многу познати личности, меѓу кои има актери, пејачи, режисери се евакуирани од своите домови поради пожарот во Калифорнија.

Позната Ким Кардашијан, актерката Алиса Милано, режисерот Гилјермо дел Торо, се само дел од познатите кои мораа да ги напуштат своите домови.

Според медиумите, меѓу куќите кои беа „проголтани” од пожарот во Калифорнија е и дом на Кејтлин Џенер, некогаш олимписки шампион и татко на познатите Кајли и Кендл Џенер, сестри на Кардашијан.

Ким Кардашијан, која има куќа во Калабасас, таа објави низа фотографии на социјалната мрежа „Инстаргам“ наведувајќи дека имала само еден час да се евакуира.

„Се молам сите да се на безбедно”, напиша таа.

Актерката Алиса Милано, изјави дека морала во брзање да ги земе децата и да заминат, и успеала да ги евакуира и животните кои таа ги чувала во својот дом.

Пејачката Лејди Гага исто така мораше да ја напушти нејзината куќа ова утро. Гага објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа огромен чад над нејзината вила.

И актерот Орландо Блум објави фотографија од погледот од неговиот дом.