Поетот Митко Гогов застапен во светската антологија „Слушни ја оваа река”

Во Колумбија излезе од печат светска поетска антологија „Слушни ја оваа река” во која меѓу 126 автори од 58 земји е вклучен струмичкиот поет Митко Гогов, претседател на Здржението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“, кое во Македонија го организира меѓународниот фестивал „100 илјади поети за промена“.

Поетите-уредувачи на антологијата, Роберт Макс Стинкис и Естебан Чарпентие, во предоворот наведуваат дека таа е замислена како продолжение на „Антологија на пеперутката” – зборник поезија на словенски и латиноамерикански автори која излезе пред една година како проект на Асоцијацијата за заштита на природната средина и заштитените видови „Хозе Макс Леон” во Колумбија.