Подготовки за средбата Ким – Трамп во Вијетнам

Траат подготовките за средбата на челниците на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Јонг Ун во Вијетнам (27 и 28 февруари), а на патот од железничката станица на границата со Кина до Ханој, по кој би требало да помине севернокорејскиот лидер, движењето ќе биде забрането, јавува Ројтерс.

Повикувајќи се на неименувани извори и државни медиуми, британската агенција наведува дека Ким до Вијетнам ќе допатува со воз, кој ќе застане на пограничната станица Донг Данг. Потоа ќе се префрли во автомобил и ќе помине 170 километри до Ханој, додаваат изворите за агенцијата кои „непосредно се запознаени со безбедносните и логистички планови“.

Според информациите Ким треба да допатува во Вијетнам на 25 февруари. Ројтерс напоменува дека не е јасно дали тој патот од повеќе илјади километри од Пјонгјанг, преку Кина, до границата со Вијетнам ќе го пропатува со воз, или најпрвин ќе лета со авион до некој кинески град, а потоа ќе се префрли во воз. Пожелната локација за одржување на средбата е владината резиденција во Ханој, додека хотелот „Метропол“ е избран како резервна локација. Трамп во највата за средбата изјави дека намалувањето на бројот на американските војници во Јужна Кореја нема да биде тема на разговор. Во Јужна Кореја се наоѓаат најмалку 28.500 американски војници. Претходно нивната историска средба се одржа минатата година во Сингапур.