Погба: Уживам во фудбалот, а со Мурињо беше тешко тоа

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, истакна дека ужива да игра фудбал под водство на Оле Гунар Солскјер. Норвежанец ја презеде командата во декември по разрешувањето на Жозе Мурињо.

– Уживам во фудбалот. Под водство на Мурињо, тоа беше тешко да се направи, врз основа на неговата тактика. Мене повеќе ми се допаѓа офанзивен фудбал и пресинг игра. Играта во одбраната не е моја силна страна. На позицијата каде што играм сега, подобро ги разбирам партнерите. Оваа позиција е најдобра за мене, изјави Погба.

Французинот често доаѓаше во конфликтни ситуации додека тренер беше Мурињо. По неговото заминување игра како препороден и има голема заслуга за победничката серија на Манчестер јунајтед.