Повторно протести во Словачка поради убиениот новинар

Десетици илјади лица протестираат денеска во различни делови на Словачка поради убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница.

Демонстрантите во Братислава и во други градови во Словачка бараат темелна и независна истрага за двојното убиство, кое се случи на 21 февруари.

Демонстрантите бараат смена на началникот на националната полицијата Тибор Гаспер, за што имаат поддршка и од претседателот Андреј Киска.

Трипартиската коалиција предводена од премиерот Роберт Фицо поднесе оставка по масовните улични протести, организирани по убиството на Куциак. Потоа, заклетва положи новиот Кабинет, составен од членовите на истите три партии, предводен од Петер Пелегрини, кој претходно беше вицепремиер.