Повикан амбасадорот да го објасни инцидентот над Балтикот

Шведското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе го повикаат на разговор рускиот амбасадор за да објасни зошто порано оваа недела руски борбен авион пролетал на само 20 метри од шведскиот извиднички авион над Балтичкото Море.

Портпаролката на шведското министерство Дијана Кудхаиб за шведската ТВ станица СВТ рече дека Шведска, овој инцидент го смета за сериозен, наведувајќи дека руски „Су-27“ маневрирал “некоректно и непрфесионално, на начин што ја загрозил безбедноста на летот“.

Инцидентот се случи во вторникот. Шведскиот авион “галфстрим“ беше во рутинска мисија на извидување кога покрај него на мала раздалеченост пролета руски авион, пренесе АП.

Шведската војска објави и фотографија од овој инцидент.