Повеќе од 70 лица настрадаа во голем пожар во Бангладеш

Во голем пожар што изби во зграда во стариот дел на Дака, престолнината на Бангладеш загинаа најмалку 70 лица, јавуваат пожарникарите и додадоа дека бројката на жртви би можела да порасне.
Пожарот избил вчеравечер и се проширил кон поблиските згради, но пожарникарите се сомневаат дека причината би можела да биде краток спој. Медиумите во Бангладеш најпрво известија дека најмалку три лица загинаа, а неколку се пренесени во болница.
Прописите за безбедност на зграда ретко се почитуваат, па во несреќи секоја година страдаат стотина лица.