ПМФЛ: Вардар ја продолжи победничката серија

Екипата на Вардар продолжува со својата победничка серија, откако попладнево во Штип ја совлада прилепска Победа со 0:1 (0:0) и нема пораз веќе во пет натпревари по ред.
Голот вреден три бода го постигна Бразилецот Лира во 56-тата минута.
На тој начин Вардар останува на чело на табелата со 17 бода, два повеќе од Академија Пандев, кои денеска ремизираа на свој терен против тетовска Шкендија – 0:0.
Резултати од денешното коло во ПМФЛ:
Работнички – Беласица 1:1
Ренова – Шкупи 2:0
Силекс – Македонија ЃП 1:1
Академија Пандев – Шкендија 0:0
Победа – Вардар 0:1

Табела: 1. Вардар 20 бода, Академија Пандев 16, Шкендија 15, Победа 11, Ренова 10, Работнички 10, Беласица 9, Македонија Ѓ.П. 7, Силекс 6, Шкупи 5.Идно коло: Вардар – Академија Пандев, Шкендија – Ренова, Македонија Ѓ.П. – Победа, Шкупи – Работнички, Беласица – Силекс