Пленковиќ потврди дека напаѓачот од Нов Зелан престојувал и во Хрватска

Загреб – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ потврди денеска дека напаѓачот во џамиите на Нов Зеланд, кон крајот на 2016 и почетокот на 2017 година престојувал во Хрватска.

На новинарско прашање дали се точни информациите дека Брентон Тарант престојувал и во Хрватска, Пленковиќ одговорил потврдно.

– Добив информација дека тоа е точно, колку што видов, тој престојувал во Хрватска кон крајот на декември 2016 и почетокот на 2017 година. Тоа е она што го знаеме во моментот. Вчерашниот напад е грозен терористички чин и ние го осудуваме, истакна хрватскиот премиер.

Запрашан дали знае од кои причини Тарант бил во Хрватска, Пленковиќ истакна дека службите работат на тоа.

Според него, се до нападот во Нов Зеланд „тоа лице не било во фокусот на хрватските институции“.

– МВР располага со сознанија за движење на наведеното лице на територијата на Република Хрватска во текот на декември 2016 и јануари 2017 година, потврди претходно денеска портпаролката на хрватското МВР, Марина Мандиќ, објаснувајќи дека тој податок е утврден со увид во официјалната полициска евиденција