Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на натпревар во Германија

Македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу освои прво место на меѓународниот натпревар за млади пијанисти  „Уметност и мир“ (Kunst und Frieden), кој се одржа на 25-ти и 26 јули во германскот град Хамелбург.

Оваа награда следува по освоеното прво место на натпреварот „eMuse” во Грција и солистичките концерти во Париз и Сремска Митровица, настапите во Модан, Франција, и во концертната сала „Мегарон“ во Атина.

Во август Арда ќе има настапи во неколку германски градови, а потоа ќе се претстави и со солистички концерти пред македонската публика.

Настапите во Франција и Германија се поддржани од Министерството за култура.